Skip Ribbon Commands
Skip to main content
Sign In

SEEU News

:

News: Известување за доделување на вредносни бонови-ваучери

Title

Известување за доделување на вредносни бонови-ваучери

Body

Известување за доделување на вредносни бонови-ваучери

Владата на Република Македонија преку Министерство за информатичко општество и администрација започна со спроведување на активностите предвидени со Проктот за доделување на вредносни бонови-ваучери за набававување на таблет компјутери со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.
Целна група за кого е наменет овој проект, согласно Законот за издавање на вредносни бонови – ваучери (Службен весник на Република Македонија  бр. 48/2015 и 56/2015) се:
-      Редовните студенти на високообразовните установи во Република Македонија кои се од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32,741 денари бруто приходи и кои до 15 ноември 2014 година, за прв пат запишале трета
-      Студентите евидентирани како лица со посебни потреби запишани најдоцна до 15 ноември во било која година на студии во учебната 2014/2015 година, на високообразовните установи во Република Македонија, а кои се од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32,741 денари бруто приход.
 
Со цел да се ослободат студентите од дополнителни трошоци и скратување на времето за прибавување на документите, со усвоените измени за Законот за издавање на вредносни бонови – ваучери, потребните докази во врска со исполнување на условите за стекнување на вредносен бон-ваучер ќе бидат обезбедени по службена должност.
За стекнување со вредносен бон-ваучер, заинтересираните студенти кои ги исполнуваат погоренаведените услови, до студентската служба на матичниот факултет потребно е да доставаат:
-      Пополнето барање за стекнување со вредносен бон – ваучер (се подигнува на студентската служба на матижниот факултет или на веб страната МИОА www.mioa.gov.mk/vaucheri);
-      Фотокопија на Уверение за државјанство на студентот (без оглед на староста)
-      Доказ дека се лица со посебни потреби(каде јасно се гледа дека лицето е со посебни потреби) за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби
-      Фотокопија од акт за престанок на бракот или извод од матична книга на умрените за студентите кои се со еден родител или без родители и/или
-      Фотокопија од Извод од матичната книга на венчани за студентите кои засновале брак и оформирале семејство.
 
Студентската стужба на матичниот факултет примените барања за стекнување со вредносен бон- ваучер со приложените докази ги обработува електронски со внесување на податоците од барањето во електронски формат и во рок од три дена од завршување на рокот за аплицирање на студентите утврден во огласот што го објавува Министерството за информатичко општество и администрација, ги доставува  до Mинистерство за образование и наука во електронска и хартиена форма кон кои приложуваат-
-      Потврда за редовен студент запишан за прв пат во трета година (односно со заверен V семестар за прв пат) или четврта година (односно со заверен VII семестар за прв пат) на прв циклус на студии на високо образовните установи во Република Македонија во учебната 2014/2015 година, најдоцна до 15 ноември 2014 (за редовните студенти), и / или
-      Потврда дека се студенти во било која година на студии во учебната 2014/2015 година на високообразовните  установи во Република Македонија запишани до 15 ноември 2014 година (студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби).
 
Вредносните бонови – ваучери ќе бидат за еднократна употреба и ќе се употребат како учество за купување на таблет компјутер со надворешна тастатура.
Студентите запишани во Тетово документите ги доставуваат во студентски сервис зградата 802, шалтер 1,2 и 3.
 
Студентите запишани во Скопје документите ги доставуваат во студентски сервис во Скопје.
 
Студентите можат да аплицираат најдоцна до 28 Април 2015 година,
 
Заинтересираните студенти подетално може да се информираат на веб страницата www.mioa.gov.mk/vaucheri    како и на контакт тел. 02 3200 893, 02 3200 933 и 02 3200 935.
 
 

Category

Undergraduate

Expires

 

Rating (0-5)

Item is currently unrated.

Number of Ratings

0

Language

MK
Approval Status Approved
 

Attachments

Created at 4/10/2015 4:18 PM by Zeqirja Tairi
Last modified at 4/10/2015 4:26 PM by Zeqirja Tairi